+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home proekti Еразмус за млади претприемачи

Еразмус за млади претприемачи

Еразмус за млади претприемачи

 

Бизнис Конфедерација на Македонија од 2023та година е повторно посредувачка организација во рамките на програмата „Еразмус за млади претприемачи“. Овој пат, во циклус 13 преку проектот SGE13 – Раст на МСП во Европа 13.  Овој проект ќе трае до Февруари 2027ма година, што ја прави БКМ посредничка организација во програмата до таа година.

Моментално, од 2020та година, БКМ е посредничка организација во програмата во рамките на циклусот 12 преку проектот „Раст на МСП во Европа“ – SGE12.

Еразмус за млади претприемачи е програма за прекугранична размена која им дава можност на новите претприемачи да учат од искусните претприемачи кои водат мали и средни бизниси опфатени со Програмата. Новите претприемачи преку престој (од 1 до 6 месеци) кај претприемачи-домаќини се стекнуваат со знење и искуства неопхдни за водење на мал бизнис.

Преку “Еразмус за млади претприемачи” интернационалните размени, ние вметнуваме извонредни луѓе и значајни деловни искуства во животот на младите претприемачи. Размената се одвива во рамките на проектот “Раст на МСП во Европа” (SGE12), предводен од Стопанската и индустриска комора Жирона (Шпанија), а кофинансиран од Европската комисија, каде што Бизнис Конфедерација на Македонија се јавува како национален спроведувач на програмата за Република Северна Македонија.

Со проектот SGE12, ние ги поддржуваме младите и потенцијалните претприемачи во Македонија да ги развиваат своите бизниси или бизнис идеи преку работа со искусни претприемачи од други земји на ЕУ. Во исто време, успешните претприемачи од Македонија можат да го споделат своето искуство и нивните бизниси можат да станат модели за добри практики за други млади европски претприемачи.

Нов претприемач(New Entrepreneur) е дефиниран како:

  • • Постојан жител на една од земјите кои се вклучени во програмата
  • • Планира да започне бизнис или започнал бизнис во претходните 3 години
  • • Конкретна и изводлива бизнис идеја преточена во квалитетен бизнис план

 

Домаќин-претприемач(Host Entrepreneur) е дефиниран како:

  • • Успешен и искусен претприемач (сопственик-раководител) со најмалку 3 години работно искуство во водење на микро мали и средни претпријатија
  • • Постојан жител на една од земјите членки кои учествуваат во програмата
  • • Сопственик на мало и средно претпријатија или индивидуа која е директно вклучена во претприемништвото на ниво на управниот одбор

 

За учество во програмата не постои возрасна граница, туку услов е искуството како претприемач. Не се дефинира како обука, туку работно место во компанијата која е домаќин за да ги развијат претприемничките вештини и да се здобијат со бизнис знаење и искуство за управување на мал бизнис во диреткна соработка со претприемач-домаќин. Исто така новите претприемачи ќе имаат можност да престојуваат во странство, во една од земјите членки на ЕУ или во земја учесничка, каде што ќе соработуваат со своите домаќин-претприемачи.

Процесот за аплицирање е поделен во 4 фази и е олеснет од страна на посреднички организации, контакт точки на програмата:

  1. Фази на аплицирање: Се аплицира online на: http://www.erasmus-entrepreneurs.eu/
  2. Matching phase (две компании се спојуваат и соработуваат): каде што претприемачите ја поттикнуваат нивната соработка и го дефинираат планот на активности
  3. Фаза на подготовка: склучување на договори и подготовка на размена
  4. Фаза на спроведување: новиот претприемач патува во странство, поминува извесно време таму и воедно соработува со домаќинот-претприемач