Бизнис Конфередација на Северна Македонија (БКСМ) одбележува 25 години од основањето и својата работа ја започнува како здружение на работодавачи, коe ги артикулира, претставува и поддржува интересите на нејзините членови и интересот на бизнис секторот во земјата. Денес членството на БКМ брои повеќе од 8000 компании, со две регионални канцеларии во Прилеп и Гевгелија и седиште во Скопје.
Претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови е основниот интерес на организацијата. БКСМ претставува основен деловен партнер за изразување на бизнис заедницата и потикнувач на економскиот развој, социо-економскиот дијалог и индустриските релации во земјата. Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис, БКСМ поттикнува развој на економијата и долгорочна одржливост на компаниите.
Знаењето и ставовите на Бизнис Конфедерација на Северна Македонија се базираат врз постојана комуникација со членството – длабински истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионално ниво. Низ годините постојано настојуваме да ја подобриме деловната клима во РСМ и да бараме промени кои ќе им помогнат на бизнисите да ја засилат својата позиција во општеството. Како конфедерација на бизнисите во Северна Македонија, БКСМ го следи начинот на донесување на законите и подзаконските акти,но и понатаму ќе продолжи да бара начини за олеснување на бирократските бариери и подобрување на бизнис климата во Северна Македонија.
Продложуваме да градиме соработка со нашето членство и нашите партнери и да ги застапуваме нивните интереси низ редовно известување за прогресот, всушност Бизнис Конфедерација на Северна Македонија заедно со своето членство работи во насока на застапување на интересите на членовите и бизнис заедницата и континуирано ќе се залага за намалување и укинување бариерите во бизнисот.
Искрена желба на Бизнис Конфедерација на Северна Македонија е да ја поттикне Република Северна Македонија да биде држава во која е безбедно и исплатливо да се има бизнис, да биде место каде може добро, задоволно и благородно да се живее.
