+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home ЗА БКМ

ЗА БКМ

ЗА БКМ

Бизнис Конфередацијата на Македонија (БКМ) се формира во 2001 и својата работа ја започнува како здружение на работодавачи, која ги артикулира, претставува и поддржува интересите на нејзините членови и интересот на бизнис секторот во земјата. Денес членството на БКМ брои 8.500 компании здружени во 13 деловни здруженија, со три регионални канцеларии во Прилеп, Тетово и Гевгелија и седиште во Скопје.

Покрај претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната заедница и потикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата. Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис, поттикнуваме одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите.

Знаењето и ставовите на Бизнис Конфедерација на Македонија се базираат врз постојана комуникација со членството – длабински истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионално ниво. Низ годините постојано настојуваме да ја подобриме деловната клима во РМ и да бараме промени кои ќе им помогнат на бизнисите да ја засилат својата позиција во општеството. Како конфедерација на бизнисите во Македонија, го следиме начинот на донесување на законите и подзаконските акти,но и понатаму ќе продолжиме да бараме начини за олеснување на бирократските бариери и подобрување на бизнис климата во Р.Македонија.

Продложуваме да градиме соработка со нашето членство и нашите партнери и да ги застапуваме нивните интереси низ редовно известување за прогресот, всушност Бизнис Конфедерација на Македонија заедно со своето членство работи во насока на застапување на интересите на членовите и бизнис заедницата и континуирано ќе се залага за намалување и укинување бариерите во бизнисот.

Искрена желба на Бизнис Конфедерација на Македонија е да ја поттикне Република Македонија да биде држава во која е безбедно и исплатливо да се има бизнис, да биде место каде може добро, задоволно и благородно да се живее.