+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home Aktuelno Прва регистрирана лоби организација на работодавачи во Република Северна Македонија

Прва регистрирана лоби организација на работодавачи во Република Северна Македонија

Прва регистрирана лоби организација на работодавачи во Република Северна Македонија

Што претставува транспарентно презентирање на интереси-лобирање

Лобирање е транспарентно презентирање на интереси  што се спроведува за да се претстават и застапуваат интересите на членовите, интересни групи или граѓаните во однос на политиките и одлуките на владата, локалната самоуправа или институцијата во корист на одредена цел или исход.

Иницијативите за презентирање на интереси – Лобирањето, потекнува од напорите да се образложи интересот на бизнисите и засегнатите страни пред назначените функционери, генерално во владините, локалните или останатите институции.

Лобирањето подразбира контакт со лице кај кое се лобира со цел конкретно насочено објаснување или влијание врз дреден процес, односно врз содржина на јавни политики, односно програми, прописи и други општи акти, кои се остваруваат вон утврдена и започната постапка, односно процедура. Лобирањето не претставува јавно соопштен став, односно мислење, ниту пак учество на повик, односно на барање на орган кај кој се лобира во  работа на подготвување, разгледување или барање, односно давање фактографски информации, односно податоци или стручни мислења за иницијативи и предложени решенија за јавни политики, програми, закони, други прописи и општи акти.

Лобирање е форма во секој демократски политички систем.

Зошто Бизнис Конфедерација на Северна Македонија инсистира на транспарентно и регулирано на лобирање ?

Кога лобирањето е регулирано на транспарентен начин, пистои легитимна можност за бизнисите, поединци или интересни групи кои застапуваат приватни интереси да бидат вклучени во процесите на носење одлуки.

Кога лобирањето е нетранспарентно и нерегулирано, може да доведе на пример до несоодветно влијание и нелојална конкуренција- активно коруптивно дејство.

 

Бизнис Конфедерација на Северна Македонија како регистрирана лоби организацијата и лобистите мора да известуваат за работата

Иницијативите поврзани со лобирање мора да бидат објавени во регистерот за транспарентно лобирање при ДКСК и да бидат доставени во пишана форма или пишан извештај за своите активности.

Бизнис Конфедерација на Северна Македонија и лобистите не смеат да даваат подароци.
Лобистите и лоби организациите не смеат да примаат, даваат, ветуваат донации, подароци, услуги, влијание или други придобивки или предности.

Бизнис Конфедерација на Северна Македонија и лобистите можат да бидат ангажирани за претставување на интереси по официјален пат и процедура.

Сите заинтересирани бизниси, клиенти и заинтересирани страни можат да се обратат директно на телефоскиот број на организацијата или по електронски пат користејки електронската адреса

– 02/3224 762- Вторник и Четврток од 12:00 до 14:00 часот

– contact@bcm.mk

Области на директно регулирано претставување на интересите на бизнисите и заитересираните страни – лобирање со цел остварување влијание врз процесите на подготвување, донесување и изменување на:

– Закони, подзаконски или други општи акти;

– Јавни политики односно програми што ги носат националните и локалните органи, особено кога тие политики, односно програми се однесуваат на просторното планирање, развој и доделување, односно распределба на јавни средства.

 

Лобирањето не претставува, односно не се однесува на:

– Судски или управни постапки, постапки што се спроведуваат согласно прописите што ги уредуваат јавните набавки и постапки во кои се одлучува за права и обврски на поединци;

– Комуникација со граѓанин во врска со остварување на индивидуални права;

– Комуникација чиешто обелоденување може да претставува закана по безбедноста на кое било лице или по безбедноста на државата;

– Граѓанска иницијатива покрената согласно закон;

– Комуникација со синдикати, односно со претставници на синдикати кога ги застапуваат интересите на своите членови во преговори за условите за вработување и работа;

– Комуникација меѓу службени лица во орган на законодавната власт, орган на извршната власт или орган на единица на локалната самоуправа која ја остваруваат во рамки на својот делокруг на работни задачи, односно функции;

– Комуникација меѓу именувани, односно назначени членови во тела формирани од органите на законодавната власт, органите на извршната власт или органите на единиците на локалната самоуправа, за целите на разгледување, проценување и анализирање на прашања од јавната политика, заради известување на органите од кои телата се формирани;

Комуникација со или во име на меѓународни организации;

– Комуникација со или во име на политичка партија.

 

Лобистот/лоби-организацијата, односно нејзин претставник има законска обврски да ги почитува забраните за корупција

Ставање на лицето кај кое лобира во состојба на судир на интереси или предизвикување чувство на обврска спрема лобистот/лоби-организацијата, како и забраните за паралелно лобирање, давање невистинити или нецелосни информации во врска со статусот на својството за кое се лобира или за нарачателот е забрането, и се смета за акт на кривично дело-корупција.