БКМ потпиша меморандум за соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“
Врз основа на Законот за високото образование, подзаконските акти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и на Бизнис Конфедерација на Македонија се оствари потпишување на меморандум за соработка меѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со овој меморандум за соработка двете институции се заложуваат на остварување на интензивна соработка во врска со размена на искуства, знаења, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси.
Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Бизнис Конфедерација на Македонија соработуваат на полето на едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.