+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home proekti Зајакнување на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан

Зајакнување на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан

Зајакнување на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан

Зајакнување на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан, е проект кој е финансиран од европска унија.Лидер на проектот е Организација на работодавачи Црна Гора. Бизнис Конфедерација на Македонија е партнер во проектотзаедно со организации на работодавачи од Албанија, Србија, Република Српска, Федерација Босна и Херцеговина.

Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на социјалните партнери во зенјите учеснички во проектот. На тој начин ќе придонесат во развојот на социјалниот диалог како на национално така и на регионално ниво, а исто така и напредок во услогласување на националното со ЕУ законодавството во оваа област.

Целна група на овој проект се организациите на работодавачи од земјите учеснички во проектот, членките на организациите, владата и синдикатите на земјите учеснички.

На 19.01. во Подгорица се одржа првиот партнерски состанок а со тоа започна резлизацијата на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан, финансиран од страна на Европска Унија.Лидер на проектот е Организација на работодавачи Црна Гора. Бизнис Конфедерација на Македонија е партнер во проектот заедно со организации на работодавачи од Албанија, Србија, Република Српска, Федерација Босна и Херцеговина. На состанокот беа представени главните цели на проекот, главните активности како и целната група на проектот. Исто така е договорена и временската рамка за реализација на планираните активности како и одговорностите на сите учесници во проектот.

Низ проектот ќе се добијат информации за тоа што е потребно да се направи на национално ниво од страна на социјаните партнери, за да се услогласи националното законовавство со законодавството на ЕУ.Актиностите ќе се реализираат во текот на наредните 12 месеци..

Учесниците на состанокот го оценија овој проект многу значаен за развој на социјалниот дијалог на национално ниво, а исто така го истакнаа значењето на истиот со цел вмрежување и соработка на социјалните партнери во земјите учеснички на проектот.

Публикации:

Социјален дијалог во земјите од Западен Балкан

Невработеност и сива економија

Безбедност и здравје при работа