+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home Uncategorized Средба меѓу БКМ и Бугарската Индустриска Асоцијација

Средба меѓу БКМ и Бугарската Индустриска Асоцијација

Средба меѓу БКМ и Бугарската Индустриска Асоцијација

На 17.02.2023 година во просториите на Бугарската Индустриска Асоцијација(БИА) се одржа средба помеѓу претставници на Бизнис Конфедерација на Македонија(БКМ), Добри Митрев, претседател на УО на БИА и Марија Минчева – заменик претседател на БИА. Во име на БКМ на средбата учествуваа Миле Бошков, извршниот претседател и членовите на стручниот совет на БКМ Златко Еделински и Игор Николоски.

Двете институции ја презентираа историјата, активностите, структурата и членовите на нивните организации и ги споделија предизвиците со кои се соочува бизнисот, кои во голема мера се слични – недостатокот на работна сила, односот меѓу науката и бизнисот и, во голема мера, неприменливоста на научните случувања.

Претседателот на БКМ Миле Бошков истакна дека средбата меѓу овие две организации е многу добра иницијатива за БКМ како организација на работодавачи, но и пример за демократија, партнерство и добар соседски однос меѓу бизнисите чиј пример треба да ги следат и државите.

Раководството на БИА изрази подготвеност за поддршка во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Претседателот на БИА, Добри Митрев, изјави дека соработка на Балканот е клучна за успех на регионот. Транзицијата кон влез во ЕУ не е безболен и брз процес, но ние е многу важно сите држави од регионот да пристапат со цел целосно функционирање на економиите и бизнисите на континентот.

И потпретседателката на БИА Марија Минчева истакна дека „интеграцијата на европско ниво е вистинскиот начин и колку побрзо се одвива овој процес, толку подобро. Балканот има голем неискористен потенцијал кој може да се реализира преку заеднички иницијативи на различни нивоа“.

БКМ и БИА се договорија да ги обноват своите добри партнерски односи, кои датираат од 2006 година, преку различни иницијативи, деловни состаноци, проекти, размена на искуства и знаење.