БКМ: Владеењето на правото и транспарентното застапување на интересите се темел на европската интеграција
Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), преку својот претседател Миле Бошков, учествуваше на десеттата седница на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија, посветена на разгледување на Извештајот на Европската комисија за 2026 година.
Во своето обраќање, претседателот Бошков го истакна значењето на владеењето на правото, транспарентноста и демократскиот институционален дијалог како основни предуслови за градење стабилно, предвидливо и конкурентно деловно окружување.
„Владеењето на правото и транспарентноста мора да бидат во фокусот на демократскиот и системскиот дијалог во македонското Собрание.“
Во таа насока, БКМ ги охрабрува сите заинтересирани деловни организации да се приклучат кон процесите на транспарентно и одговорно претставување на интересите, со цел унапредување на јавните политики и зајакнување на довербата меѓу институциите, деловната заедница и граѓаните.
Како организација која активно учествува во националните процеси на социјален дијалог и европска интеграција, БКМ останува посветена на застапување на интересите на работодавачите преку институционални, транспарентни и конструктивни механизми.
Европската интеграција не претставува само усогласување со европското законодавство, туку и континуирано унапредување на институционалната одговорност, правната сигурност и учеството на деловната заедница во креирањето јавни политики.
БКМ ќе продолжи активно да придонесува кон овие процеси, промовирајќи отворен дијалог, транспарентност и владеење на правото како основа за одржлив економски развој и европска иднина на земјата.
