Kлиматските активности кај компаниите како конкурентска предност
Бизнис конфедерација на Северна Македонија (БКСМ), со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ), го објави новиот бизнис-бриф „Претворање на климатската акција во конкурентска предност – Бизнис-бриф за Северна Македонија“. Овој документ покажува дека нискојаглеродната и правична транзиција повеќе не е само регулаторна обврска, туку и јасна можност за зголемување на конкурентноста, отпорноста и долгорочниот раст на компаниите .
Брифот објаснува зошто компаниите, особено микро, малите и средни претпријатија, треба да дејствуваат веднаш – имајќи ги предвид климатските ризици, новите европски политики како Европскиот зелен договор и Механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (CBAM), како и променетите очекувања на инвеститорите и потрошувачите. Се истакнува дека интегрирањето на одржливоста во деловните стратегии може да овозможи пристап до нови пазари, подобар пристап до финансии, повисока продуктивност и посилен углед.
Посебен акцент се става на правичната транзиција, со фокус на вложување во луѓето, унапредување на вештините и обезбедување фер и инклузивен процес на трансформација. Преку конкретни примери и студии на случај од Северна Македонија и меѓународната пракса, брифот покажува дека зелената транзиција може да донесе реална деловна вредност и истовремено да придонесе за пристојна работа и социјална кохезија.
Во документот е претставена и улогата на БКСМ во поддршката на компаниите, преку застапување на интересите на приватниот сектор, насоки за усогласување со новите барања за одржливост, поврзување со зелени финансиски инструменти и поттикнување на социјален дијалог и размена на знаења.
Целосниот бизнис-бриф е достапен тука.

