+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home proekti Туризмот се луѓето

Туризмот се луѓето

Туризмот се луѓето

ТУРИЗМОТ СЕ ЛУЃЕТО: Заедно за jакнење на социјалниот дијалог во секторот туризам и угостителство.

Бизнис Конфедерација на Македонија е еден од партнерите на ЕУ проектот ТУРИЗМОТ СЕ ЛУЃЕТО:Заедно за за jакнење на социјалниот дијалог во секторот туризам и угостителство.

Главната цел на проектот е зајакнивање на капацитетите на социјалните партнери за придонесување кон подобрување на социјалниот дијалог на национално и европско ниво. Исто така, преку проектот ќе се зголеми свесноста на претставниците наработодавачите и работниците за важноста на овој процес во зголемувањето на вработеноста и компетитивноста на националната економија. Важна фокусна точка ќе биде модернизацијата на пазарот на труд, вештините и квалификациите, квалитетот на работата, безбедност и сигурност на работно место, и пристојна работа.

Главни активности кои ќе бидат реализирани во наредните две години се: 6 билатерални состаноци; 6 национални панел дискусии за социјалниот дијалог во секторот туризам на национално ниво и модернизацијата на пазарот на труд; студиска посета на Брисел со цел размена на искуства и знаење; национални работилници со цел да се идентификуваат елементите неопходни за социјалните парнери да бидат дел од европскиот социјален дијалог вклучувајќи и семинар за преговарање; креирање публикација со прирачник за социјален дијалог и колективно преговарање во секторот туризам; финална конференција со прес-конференција за социјалниот дијалог во секторот на национално и европско ниво.

На 04.02 со почетниот состанок во Љубљана, започна реализацијата на проектот “Tourism is people”, финансиран од страна на Европска у soнија. Лидер на проектот е Здружението на работодавачи на Словенија (ZDS) додека здруженијата на работодацачи како и синдикатите од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија се партнери во проектот. На состанокот беа претставени главните цели на проектот и главните активности и одговорности на секој од партнерите. Исто така беше дискутирана моменталната состојба со социјалниот дијалог во секторот туризам во секоја од земјите партнери

Пристапете до публикацијата за проектот тука.