ПОСРЕДУВАЊЕ
Бизнис Конфедерација на Македонијa активно зема учество на домашната, но и на меѓународната сцена. Ние сме дел од Економско социјалниот совет, Меѓународната организација на трудот, Меѓународната организација на работодавачи, The Global Compact и The Global Deal, каде успешно го претставуваме нашето членство.
Преку активно и континуирано присуство на конференции, обуки, тренинзи и други видови на настани, организирани од страна на релевантните меѓународни институции и партнери, нашите членки директно се запознаени со најновите трендови, како и последните измени и дополнувања. Можноста за учество и претставување пред овие влијателни институции и тела несомнено е важна за сите компании кои имаат за цел да ја унапредат својата положба на пазарите на кои учествуваат.
Истовремено, тимот на Бизнис Конфедерација на Македонија достоинствено и гордо ги претставува добрите практики на компаниите кои се наши членки, како пример за успешно и правилно водење на бизнис. Оттука, процесот на претставување и информирање е двонасочен и постојан, со безброј придобивки за нашето членство.