+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home USLUGI ЕДУКАЦИЈА

ЕДУКАЦИЈА

ЕДУКАЦИЈА

Бизнис Конфедерација на Македонија нуди широк спектар на програми за обука во областа на управување со луѓе, закон за вработување, почитување на животната средина и здравјето на луѓето , деловна писменост, извозни вештини , управување со промени. Споделувајки искуство од реалниот деловен сектор , БКМ постојано ги унапредува и развива едукативните програми во согласност со актуелните потреби на бизнис заедницата. Во денешно време, брзата и интензивна деловна средина наметнува постојано усовршување на менаџерите и вработените.

Секторот за образование и едукација на Бизнис Конфедерација на Македонија поседува експертиза во областа на работни односи, развој на луѓето, здравјето и безбедноста на работното место, животната средина, работни спорови , деловни планови, менаџмент со луѓе, менаџмент со промени, менаџмент со ризици, претприемништво, иновации и дигитализација.

Со цел да се задоволат потребите на компаниите од различни сектори, Бизнис Конфедерација на Македонија се стреми кон зголемување на капацитетите преку обуки креирани според потребите на секоја компанија индивидуално, но и секој сектор колективно. Тоа БКМ, го постигнува преку:

  • Идентификувањето на специфични деловни цели низ потенцирање на клучни потреби за обука по мапирање на јазови во знаењата на секоја компанија индивидуално и сектор одделно;
  • Мрежа на експерти, обучувачи и ментори од сите сектори;
  • Пристап до сертифицирани програми кои се интернационално признати;

Долгогодишно искуство во организирање на корпоративни обуки за градење на капацитети на вработени и менаџери.