+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home proekti CIDE-NET

CIDE-NET

CIDE-NET

“Мрежа на креативни претпријатија чии двигател се иновациите” (CIDE-NET)

Новите идеи и иновативни пристапи кон  производството, организацијата и маркетингот, доколку се соодветно инкорпорирани во стратегиите и планирањето на претпријатијата, ќе им помогнат на претпријатијата во земјите од Централен Балкан да се опорават од економската криза која влијае на потенцијалите за вработување и раст. Поттикнување на креативноста и иновативноста на претпријатијата и, како резултат на тоа, подобрување на нивната конкурентност и вработување, особено во оваа тешка економска клима, повикува на ново дизајнирани и соодветно спроведени програми за претприемачко учење. Отстапувајќи од конвенционалното размислување што укажува на тоа дека креативноста и иновативноста се релевантни за одредени “нови” економски сектори, може да се потврди дека бизнисите во “постарите”, повеќе “традиционални” индустрии, исто така, треба да бидат охрабрени да усвојат нови пристапи кон нивните стратегии за раст и развој.

Проектот “Мрежа на креативни претпријатија чии двигател се иновациите” (CIDE-NET) е имплементиран од шест (6) организации од пет (5) земји (Албанија, Бугарија, Кипар, Македонија и Грција). Тој ќе им помогне на претприемачите во таргетираните сектори да управуваат со конкурентни и остварливи бизниси и да ја подобрат нивната ефикасност и одржливост. Сите сектори и сите претпријатија во кои креативноста и иновациите би можеле да играат важна улога во зајакнувањето на ефикасноста и конкурентноста се потенцијални корисници на проектот. Транснационалната соработка меѓу претпријатијата во различни земји партнери ќе се промовира преку практични и теоретски активности за учење и поддршка. Образовните активности ќе бидат организирани и поддржани од кориснички иновативни онлајн менторски алатки. Дигиталната платформа ќе биде дизајнирана и изградена за да се олесни обуката и соработката меѓу партнерите, обучувачите и обучуваните, а исто така да се поддржи учењето на претприемачите еден од друг.