+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Ул. В.Главинов бр.16 БЦ Палома Бјанка
Home proekti АНАЛИЗИ АНАЛИЗИ: Социјален дијалог

АНАЛИЗИ: Социјален дијалог

АНАЛИЗИ: Социјален дијалог

Вклучување на вработените во процесот на донесување одлуки

Бизнис Конфедерација на Македонија во соработка со своите партнери во проектот од Словенија (CPM, ZDS), Црна Гора (UPCG), Хрватска (HUP) и со поддршка на Германија (BDA) го спроведоа проектот WIM 2, чија цел е да се подигне свеста на потенцијалните придобивки од спроведувањето на учеството на работниците во процесот на донесување одлуки, идентификување на предизвиците и менталните бариери кои би можеле да го попречат  спроведувањето на моделите на учество, пребарувањето на специфични решенија или можни начини за пренесување на тој дел од правниот поредок, кој се однесува на учество на вработените, во процесите на донесување одлуки.

Партнерите во проектот, ја подготвија оваа анализа-публикација со цел да се покаже правната и фактичката рамка на учеството во вклучување на вработените во процесот на донесување одлуки, и критичко изготвување и претставување на два модели на учество во две земји-членки и формирање на препораки за ефикасен трансфер на релевантните делови од европскиот правен поредок во националното законодавство на идните членки, имајќи ги предвид заклучоците од истражувањето направено во земјите кои се партнери на проектот.

 Пристапете до анализата тука.

Социјален дијалог во туризмот и угостителството

Преку овој проект, мерките кои беа донесени беа промовирани и на интернационално ниво, со цел да се предизвика ефект кој би ги забрзал економските,
социјалните и комуникациските текови со регионот. Преку проектот , исто така, се зајакна и се обнови соработката помеѓу земјите од Југоисточна Европа.

Словенија,од нејзиното пристапување во ЕУ,го има многу подобрено својот систем за социјален дијалог и има остварено голем број успешни резултати во социјалниот дијалог, како на национално така и на секторско ниво. Бидејќи ЗДС тесно соработува со работодавците и со синдикалните организации во Југоисточна Европа и има воспоставено добри односи меѓу нив во областа на економијата и во секоја друга област, сакавме да помогнеме во реализацијата на одржлив економски и социјален развој во земјите од регионот. Бидејќи секторот за туризам и угостителство е стратешки сектор во земјите учеснички, а и врз основа на силен бипартитен социјален дијалог, ЗДС во соработка со EFFAT и со BUSINESSEUROPE обезбедија експертиза и добри практики на партнерите во проектот и споделија искуства во создавање ефикасен систем за социјален дијалог со нашите партнерски земји од Југоисточна Европа кои се клучни за оваа гранка.

Земји-кандидати, Македонија, Црна Гора и Србија, имаат само скромно развиен социјален дијалог, за разлика од Хрватска, која има примери на добри практики за тоа како да се подобри колективниот договор во секторот за туризам и угостителство. Исто така, проектните партнери (особено во земјите- кандидати за членство) го немаат знаењето за тоа како да се одговори на економската криза и како да го адаптираат социјалниот дијалог на предизвиците (модернизација на пазарите на труд, флексибилност и безбедност, работното време, вештини, квалитетот на работата, и пристојна работа).

 Пристапете до анализата тука.