+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home Aktuelno 10 години посветеност кон Глобалниот договор на Обединетите Нации

10 години посветеност кон Глобалниот договор на Обединетите Нации

10 години посветеност кон Глобалниот договор на Обединетите Нации

Во 2025 година, Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) одбележува десет години официјално членство во Глобалниот договор на Обединетите Нации. Со објавувањето на најновиот Извештај за ангажман 2023–2025, Конфедерацијата уште еднаш ја потврдува својата мисија – да биде водечки национален социјален партнер и претставник на приватниот сектор во насока на одговорен, одржлив и конкурентен развој.

Извештајот ги прикажува активностите на БКМ во повеќе области кои директно се поврзани со Целите за одржлив развој (SDGs):

  • SDG 4 – Квалитетно образование: поддршка на претприемачко учење, програми за млади претприемачи и образование за одржлив развој.
  • SDG 8 – Достоинствена работа и економски раст: иницијативи за унапредување на пазарот на труд, младинска вработливост и претприемништво.
  • SDG 9 – Индустрија, иновации и инфраструктура: проекти за дигитална трансформација на малите и средни претпријатија и поттикнување на иновациите.
  • SDG 14 – Живот под вода: водење на регионалната Мрежа за сина економија и промоција на одржливи практики.
  • SDG 16 – Мир, правда и силни институции: активности за транспарентно лобирање, борба против корупцијата и владеење на правото.
  • SDG 17 – Партнерства за целите: активно вмрежување и соработка со меѓународни организации, европски институции и регионални партнери.

Со овие активности, БКМ докажува дека приватниот сектор во Северна Македонија е клучен двигател на одговорен економски раст, транспарентност и европска интеграција.

🔗 Целиот Извештај за ангажман 2023–2025 е достапен на следниот линк: https://unglobalcompact.org/what-is-gc/participants/24401-Business-Confederation-of-Macedonia