+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home slide БИЗНИС АГЕНДА

БИЗНИС АГЕНДА

БИЗНИС АГЕНДА

Иницијативата “Бизнис Агенда”, водена од Бизнис Конфедерација на Македонија, има за цел да  поттикне економски, образовни, општествено корисни и одговорни активности во земјата. БКМ, преку непрекинатата комуникација со експерти, професионалци и научници, има за цел да се добие вовед и ставови преку истражувања и анализи во разни сфери на социјалното и економското делување на локално, национално и регионално ниво. Низ годините, организацијата настојува да ја подобри бизнис климата во Македонија и да бара промени кои ќе користат на бизнисите и на граѓаните. Кампањата, преку промоција на бизнис решенија, концепти и идеи, се стреми да ја подигне свеста меѓу македонската бизнис заедница и да испрати порака за потребата од подобрување на општеството и опкружувањето.