+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home USLUGI ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ

ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ

ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ

Застапувањето и лобирањето како вид на застапување, претставуваат збир на претходно утврдени чекори кои се насочени кон поддржување на интересите и потребите на одредена група, со крајна цел да се предизвикаат суштински и системски промени. Преку овие процеси се прават напори да се влијае во процесот на креирање на политиките и носење на одлуките.

Бизнис Конфедерација на Македонија успешно ги поддржува и претставува барањата и интересите на бизнис секторот пред надлежните институции. На тој начин, успешно делуваме при носењето на одлуки кои се од важно значење за компаниите и кои имаат влијание врз нивното деловно работење, но имаат влијание и врз економијата генерално. Истовремено,  директно ги запознаваме креаторите на политиките со вистинските предизвици и проблеми со кои се соочуваат компаниите во нашата држава. Дополнително, користејќи проактивен концепт на застапување и лобирање, даваме значаен придонес при носењето, изменувањето и дополнувањето на законските прописи.