ASES – Аутизам: Спектар на вештини за вработување
На едно од секои 59 родени деца му е дијагностицирано развојно нарушување- аутизам . Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) откри дека помалку од 10% од луѓето со аутизам се вработени,а вработените се често на работни места со ниски плати. Клучни бариери за нивното вработување се недостатокот на стручна обука, тешкотиите во комуникацијата, негирањето на разумно прилагодување и предрасудите за аутизмот. За време на дискусијата за вработување на лица со аутизам во Европскиот парламент во 2019 година, директорката на Аутизам-Европа, Орели Баранже, истакна дека многу силни страни се поврзани со аутизмот и дека е клучно да се надоврзе на овие индивидуални сили за да се поттикне успешно вработување. Таа ги опиша можните видови на методи за вработување и поддршка, давајќи примери за добра практика и програми за обука за работа и вработување во областа на новата технологија. 42% од возрасните со аутизам кои се вработени велат дека им е потребна поддршка, но само 12% од нив, добиваат поддршка. Проектот ASES ќе се фокусира на развој на материјали за обука и алатки за управување со мали и средни претпријатија за да се зголеми вклученоста на возрасните со аутизам на работните места. Ќе развијат ресурси за дигитална обука за возрасни, за да ги обучи работодавците и персоналот за човечки ресурси за регрутирање, менторирање и зајакнување на персоналот со знаење за аутизмот во текот на нивниот циклус на вработување. Ресурсите за обука ќе бидат дизајнирани да се користат за учење на далечина и ќе вградат елементи за гејмификација за да го олеснат процесот на учење. Дополнително, материјалите за обука и наставната програма ќе бидат пилот-тестирани во текот на 6 месеци, во третата година од спроведувањето на проектот. Пилот тестот ќе послужи како можност да се види ефективноста на резултатите од проектот и нивното краткорочно и долгорочно влијание врз: а) МСП кои ќе применуваат инклузивни практики за вработување б) перформансите и благосостојбата на лицата со аутизам кои ќе бидат вработени од страна на МСП во контекст на Пилот тестот.
Цели на проектот ASES:
1. Да се обезбеди менаџмент со методологија за регрутирање и развој на кариера погодна за персонал со аутизам
2. Да се понуди решение за учење на далечина за обука на кадарот за управување со мали и средни претпријатија во искористување на квалитетите на персоналот со аутизам
3. Да се зголеми продуктивноста на вработените со аутизам на работното место
4. Да се зголеми стапката на регрутирање и задржување на персоналот со аутизам
5. Да се намали јазот во вработеноста меѓу лицата со и без попреченост преку зголемување на можностите за вработување на лицата со аутизам
6. Да се елиминира исклученоста на лицата со аутизам на работното место
7. Да се зајакне улогата на тренинзите за возрасни во развојот на кариерата на персоналот со аутизам
8. Преку зголемена продуктивност и нивоа на вработеност на лицата со аутизам, да има корист за европската економија