+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home Aktuelno Закон за заштита на личните податоци

Закон за заштита на личните податоци

Закон за заштита на личните податоци

Од 24ти Август Започна Целосната Примена На Новиот Закон За Заштита На Личните Податоци

Законот за заштита на лични податоци се донесе и стапи на сила во февруари 2020та година.  Од Агенцијата за заштита на личните податоци истакнуваат дека, имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во Република Македонија почнувајќи од 24 август 2021 година започнува целосната примена на новиот Закон за заштита на личните податоци.

Со овој закон се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на физичките лица, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци.

Овој закон се применува:

– на целосно и делумно автоматизирана обработка на личните податоци и

– на друга обработка на личните податоците што се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци.

Заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата националност, раса, боја на кожата, верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој или кои било други лични карактеристики.

Личните податоци се:

– обработуваат правично и во согласност со закон;

– собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Натамошната обработка на податоците за цели на историски, научни или статистички истражувања нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за собирање на податоците доколку се преземени соодветни заштитни мерки во согласност со закон;

– соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат;

– точни, целосни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени и

– чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка.

Бизнис Конфедерација на Македонија отвора телефонски линии за поддршка за подготовка и усогласување на потребната документација за спроведување на Законот за заштита на лични податоци. Овие телефонски линии ќе бидат достапни од 26.08.2021.