+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home Uncategorized ВМРЕЖУВАЊЕ

ВМРЕЖУВАЊЕ

ВМРЕЖУВАЊЕ

Деловното вмрежување е важен процес на запознавање, поврзување и интеракција со луѓе што можат да го поддржат бизнисот и неговите цели. Без разлика дали се лице во лице или преку социјални мрежи, деловното вмрежување е меѓучовечко и вклучува градење доверба и односи.

Бизнис Конфедерација на Македонија на приватниот сектор во Република Северна Македонија му нуди широк спектар на можности за вмрежување преку структурирани настани за деловно вмрежување или неформални деловни собири кои се фокусираат на зближување на деловните луѓе.

Бизнис Конфедерација на Македонија работи на организирање на настани што обезбедуваат вредни мрежни можности за членовите и ја прикажуваат ширината и длабочината на многу области, бизниси, јаки страни, приказни и можности на економијата во Република Северна Македонија. Нашиот календар за настани вклучува многу прилики за вмрежување, обука и изложба секоја година, обезбедувајќи непроценливи можности за професионален развој на членовите и пошироката јавност на приватниот сектор во државата.

Нашата програма за настани е дизајнирана да ги задоволи потребите на членовите, од вмрежување до новости за тековните и идните работи што влијаат на бизнисите.  Целта на Бизнис Конфедерација со оваа услуга е да понуди деловно вмрежување чија основна цел е да обезбеди платформа за за проширување на вашата база на клиенти, запознавање на претприемачи-истомисленици, како и создавање приватно-професионални односи меѓу локални сопственици на деловни активности.