+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Ул. В.Главинов бр.16 БЦ Палома Бјанка
Home Uncategorized СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

Економската и социјалната состојба во една држава може да се подобри единствено преку ефективен социјален дијалог. Социјалните партнери како претставници на работниците и работодавачите, преку учество во социјалниот дијалог, имаат можност да дадат свое мислење во насока на креирање на најсоодветните решенија во трудовата, економската и социјалната област.

На национално ниво, социјалниот дијалог се одвива во рамките на единственото трипартитно тело за социјален дијалог на национално ниво т.н. Економско социјален совет. Социјалните партнери на седниците на економско-социјалниот совет даваат свои мислења и заклучоци кои Владата задолжително треба да ги разгледа при спроведување и развој на економско-социјалните политики.

Бизнис Конфедерација на Македонија зема учество во седниците на Економско социјалниот совет и учествува во социјалниот дијалог во нашата држава. Преку социјалниот дијалог, Бизнис Конфедерација на Македонија ги претставува интересите на своите постоечки, но и потенцијални членови, учествува во креирањето на политиките и делува во насока на донесување на најправилните одлуки за бизнис секторот.