+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home proekti CSR for ALL

CSR for ALL

CSR for ALL

Корпоративна општествена одговорност(КОО) за сите

Оваа фаза од проектот “КООзасите”, е во прилог на промоција на концептот на општествена одговорност на претпријатијата, како да се справи со известување од страна на претпријатијата за одржлив бизнис.

Овој проект,  чија вкупна вредност  е  715 000. 00 €, е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА помош за организациите на граѓанското општество, и е продолжение на две годишниот проект (реализирани 2012-2014).

Лидер на проектот е “Конфедерацијата на Турција (ТИСК), партнер за имплементација во Македонија е Бизнис Конфедерација на Македонија, и партнерските организации од Црна Гора, Трговско-индустриската комора на Бугарија, Хрватската асоцијација на работодавачи, Националниот совет на Романија за мали и средни претпријатија и Унијата на работодавачи на Србија. Проектот се реализира со стручна помош на глобалната мрежа – Меѓународната организација на работодавачи  (IOE).

Известување за одржлив бизнис е размена на информации меѓу компаниите и сите заинтересирани страни за своите активности на општествена одговорност во економската и во социјалната сфера и заштитата на животната средина. Извештаите се објавени под различни имиња, како што се социјална одговорност, корпоративното управување, известување за одржлив бизнис и не-финансиски извештаи, вклучувајќи го и придонесот на компании од областа на човековите и работничките права, заштита на животната средина и служба на заедницата. Известување за одржлив бизнис на компании ќе резултира со зајакнување на корпоративниот бренд и репутација на компанијата, со одржлива стратегија за развој на организацијата и оценка на ефектите, итн.

Во оваа смисла, БКМ во следните две години ќе имплементира голем број на активности – истражување, обуки, публикации, при тоа вклучувајќи голем број на работодавачи на овој концепт, поблиску до најголема можна мера.

По две години од спроведувањето на проектот, се очекува да се зголеми свеста на компаниите за важноста на позитивно влијание врз општеството и интегрирање на социјалните прашања, прашањата за животната средина, Етичкиот кодекс на човековите и работничките права, правата на потрошувачите  во својата основна стратегија.