ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТОДАВАЧИ ЗА РАБОТА ОД ДОМА
Прирачник За Работодавачи За Работа Од Дома Како Одговор На Пандемијата КОВИД-19
Овој Прирачник е изработен од Бизнис Конфедерација на Македонија во соработка со Бирото за активности на работодавачите на Меѓународната организација на трудот (МОТ-АКТ/ЕМП) за да им обезбеди практични насоки на претпријатијата членки што спровеле протоколи за „работа од дома“ за своите вработени во 2020 година како алтернативно привремено решение за време на кризата предизвикана од КОВИД-19.
Претпријатијата спроведуваат протоколи за работа од дома како превентивна мерка или како одговор на наредба од владата за ограничување на контактот. Овој прирачник нуди препораки за претпријатијата, вклучително и задачи и одговорности на работодавачите и работниците, размислувања и предизвици, методи за решавање и справување со тие предизвици. Исто така, прирачникот содржи образец што треба да им овозможи на претпријатијата да изработат план за работа од дома.
Прочитајте го целиот Прирачник на следниот ЛИНК