+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Ул. В.Главинов бр.16 БЦ Палома Бјанка
Home USLUGI ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Општествената одговорност на претпријатијата (ООП) е саморегулирачки деловен модел кој и помага на компанијата да биде одговорна – пред самата себе, пред своите засегнати страни и oпштеството. Практикувајќи корпоративна општествена одговорност компаниите можат да бидат свесни за видот на влијанието што го имаат врз сите аспекти на општеството, вклучително и економското, социјалното и животната средина.

Пред се претријатијата се формирани  за остварување на основната економска дејност, но мора да се има предвид дека сите функции на претријатието мора да бидат спроведени според легислативата.  Оттука општеството развива и дискрециони очекувања кон претпријатијата во одреден временски период. Низ економскиот развој на претпријатијата паралелно се развива и социјалниот развој односно четири-компонентната дефиниција која прилично експлицитно ја покажува повеќестраната природата на корпоративната општествена одговорност.

Економската одговорност се однесува на очекувањата на општеството дека организациите ќе произведува добра и услуги кои се потребни и посакувани од страна на клиентите и ќе ги продаваат тие стоки и услуги по разумна цена.

Правната одговорност се однесува на очекувањата , организациите да работат во согласност со законите кои ги третираат и прашањата на добро владеење и почитување на конкуренција на пазарот, вклучително и законите за заштита на производи, за заштита на потрошувачите , како и законите за животната околина и вработувањето.

Етичката одговорност се однесува на општествените очекувања компаниите да сторат повеќе отколку што самиот закон го бара, односно да сторат особени напори во насока на предвидување и задоволување на општествените норми , во смисла на реализирање на сите деловни функции и активности на фер и праведен начин.

Дискреционата одговорност се однесува на очекувањата на општеството компаниите да бидат добри граѓани. Ова може да вклучува работи како што се филантропска поддршка на програми кои се во корист на заедницата,општеството или на нацијата. Таа, исто така може да вклучува пружање на стручна експертиза за остварување повисоки заеднички или општествени цели .

Во областа на општествената одговорност на претпријатијата(ООП) Бизнис Конфедерација на Македонија покрај спроведување на проекти,  услугите кои ги нуди се:

  • Правна помош во областа на ООП
  • Мапирање на потребите, капацитетите и состојбите на ООП
  • Тренинг и менторство за вработени
  • Развивање на стратегии и акциски планови за ООП
  • Информирање и консултирање за поддршка и пристап до финансии за имплементирање на ООП