БКМ – правен и ресурсен центар
„Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија” е проект во којшто Бизнис Конфедерација на Македонија со поддршка од проектот “Зајакнување на социјалниот дијалог” спроведен од Меѓународната Организација на труд ги зајакнува своите капацитети.
Целта е да се зајакнат капацитетите и одржливоста на Бизнис Конфедерација на Македонија преку модернизирање/подобрување на услугите кои ги нуди БКМ и подобрување на информирањето и консултирањето со членовите.
Проектот вклучува серија активности поврзани со зголемување на капацитетите и одржливоста на Бизнис Конфедерација на Македонија преку креирање на платформа која ги дигитализира некои од веќепостоечки услуги кои ги нуди организацијата.