+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Улица Македонија 6/1/1
Home USLUGI ПРАВНА ПОМОШ РАБОТНИ ОДНОСИ

ПРАВНА ПОМОШ РАБОТНИ ОДНОСИ

ПРАВНА ПОМОШ РАБОТНИ ОДНОСИ

Бизнис Конфедерација на Македонија им помага на работодавачите да се фокусираат на клучните обврски кои произлегуваат од воспоставениот работен однос со своите работници. Работодавачите од Бизнис Конфедерација на Македонија добиваат разновидни услуги од сите сфери на работниот однос, стручни совети, мислења, советувања. Преку членството на  Бизнис Конфедерација на Македонија, работодавачите имаат можност да се вмрежуваат и да споделуваат најдобри практики и совети со останатите работодавачи како и да земаат учество на различни настани, работилници и обуки кои ги покриваат темите кои се однесуваат на работниот однос.

Како глас на бизнисот во Република Северна Македонија, промовираме воведување на одржливи политики и мерки со цел подобрување на работната средина во компаниите. Преку учество во изработка на националните стратегии за вработување, како и присуство во работни групи каде што се разгледуваат пред се законите од трудовата легислатива, повикуваме на реформи за позиционирање на големи промени на пазарот на трудот. Ги утврдуваме деловните приоритети на компаниите кои се однесуваат на работните односи и ги следиме трендовите и прашањата кои се однесуваат на иднината на работните места и односите помеѓу работниците и работодавачите.