АНАЛИЗА: Почитување на човековите права во бизнисот
Овој извештај ги содржи резултатите од истражувањето реализирано за потребите на проектот Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права, реализиран од здружението Конект и Бизнис Конфедерација на Македонија, а финансиски поддржан од Европската комисија.
Целите на истражувањето се:
• да се дефинираат нивоата на свесност, препознавање и разбирање на бизнисите во врска со Водечките Принципи на ОН,
• да се идентификуваат актуелните политики и практики за спроведување на човековите права во компаниите;
• да се идентификуваат предизвиците, потребите и поттиците за компаниите да ги интегрираат ВПОН во нивното работење;
• да се мапира тековниот контекст и моменталната состојба на ниво на политики.
Потпоглавјето 1.1 од извештајот дава краток преглед на состојбите со човековите права и активности за промовирање на ВПОН во нашата држава. Поглавјето 2 од извештајот ги презентира резултатите од дигиталниот мониторинг и анкета со компании, како и заклучоци од интервјуа со релевантни чинители. Во рамки на Поглавје 3 презентирани се заклучни согледувања од истражувањето. Целосните резултати, како и листа на соговорници се приложени во Анекси 1-3.