Кампањата „Можеби и ти си вовлечен во трудова експлоатација“ ја спроведува Бизнис Конфедерација на Северна Македонија со финансиска поддршка на проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Оваа кампања има за цел значително да се намали побарувачката за услуги од жртвите на трговија со луѓе преку негување на култура на свесност и одговорност во Северна Македонија. Исто така, оваа кампања има за цел да создаде општество каде што поединците се информирани за последиците од свесно користење на таквите услуги и се посветени на борбата против трговијата со луѓе во сите нејзини форми.
Оваа иницијатива е изработена со финансиска поддршка на Европската унија и на Советот на Европа. Неговата содржина е единствена одговорност на авторот(ите). Изразените ставови во никој случај не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската унија или на Советот на Европа.