Оваа Политика на приватност го уредува начинот на кој Бизнис Конфедерација на Северна Македонија(БКСМ) ги собира, обработува и користи податоците собрани од вас како субјекти на лични податоци, и исто така ги дефинира начините на собирање лични информации, целта за која ги собира, безбедносните мерки што се користат за да се заштитат луѓето и правата за приватност.
Оваа политика се применува за:
- Сите корисници на нашата веб-страна bcm.mk
- Сите корисници на нашата веб-страна bcm.mk кои ја пополнуваат онлајн пристапницата за членство во Бизнис Конфедерација на Северна Македонија
- Сите корисници на нашата веб-страна bcm.mk кои ја пополнуваат контакт формата за да стапат во контакт со Бизнис Конфедерација на Северна Македонија
- Сите корисници на дигиталната услуга „Бизнис поддршка“ на Бизнис Конфедерација на Северна Македонија, односно корисниците на веб-страната bcm.mk/platforma
- Пријава на нашите тренинзи и настани кои ги организираме со различни цели (промоција, градење капацитети, градење политики, дискусии итн.)
- Пополнување анкетни прашалници преку трети страници како Google Forms, SurveyMonkey и Qualtrics, a со цел спроведување на длабински анализи за разни социо-економски состојби во државата, како и барање на мислења и ставови на испитаниците кои најчесто се претставници од приватниот сектор.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Бизнис Конфедерација на Северна Македонија(во натамошниот текст: БКСМ), со седиште на ул. Македонија 6/1/1, 1000 Скопје.
Бизнис Конфедерација на Северна Македонија е самостојно приватно здружение на работодавачи регистрирано согласно Законот за работни односи чија основна дејност е претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, како и изразување на деловната заедница и потикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Категории на податоци кои се обработуваат
Бизнис Конфедерација на Северна Македонија може да ги собере следниве податоци или тип на информации:
- Основни лични информации (име, презиме)
- Основни контакти (телефонски број, меил адреса)
- Основни информации за компанијата за која работите (име на компанија, функција на вашата компанија, број на вработени)
- Податоци за индикатор на раст/пад на вашата компанија (број на вработени, обрт, приход, профит, расход и сл.), зависно од конкретните потреби на активноста во која учествувате и за истата се бара таков тип на информации
- Информации за вашиот компјутер (IP адреса, тип на уред, тип на прелистувач), информации за користење на нашата веб-страница (содржината што ја гледате, времето што сте го поминале на нашата веб-страница, начинот на кој кликнувате) и информации за повратни информации на нашата e-пошта
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
– преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за контактирање и поднесување пристапница за членство;
– преку нашата официјална електронска адреса: contact@bcm.mk
– преку пошта,
– по факс,
– усмено.
Начин на обработка на вашите лични податоци и рокови на чување на вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од БКСМ коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.Обработката на Вашите лични податоци ја врши БКСМ согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, БКСМ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете вашата согласност за обработка на вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои БКСМ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со он-лајн (on-line) услугите достапни преку интернет страната на Бизнис Конфедерација на Северна Македонија, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
– во случај на ангажирање на даватели на услуги ако БКСМ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на БКСМ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
– по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Бизнис Конфедерација на Северна Македонија.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
– право да бидете информирани за обработката на личните податоци
– право на пристап до личните податоци
– право на исправка и бришење на личните податоци
– право на ограничување на обработката на личните податоци
– право на приговор.
Доколку имате било какви прашања во врска со користењето на оваа политика или за остварување на вашите права според оваа Политика, ве молиме контактирајте не во некоја од следните контакти:
- contact@bcm.mk
- +389 2 3224762
- Бизнис Конфедерација на Северна Македонија Скопје, ул. Македонија 6/1/1
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Датум на ажурирање на политиката: 26.07.2024