Мисија
Мисијата на Бизнис Конфедерацијата на Македонија е да помогне кон поттикнување и подобрување на бизнис опкружувањето во Македонија , понатамошно градење на партнерства , развој на трипартитниот дијалог, поттикнување на конкурентност на македонската економија и развој на бизнисите врзоснова на транспарентност и деловна етика.
Визија
Креирање на деловната политика за развој на економијата која ќе овозможи услови за водење на добар бизнис и просперитет за Република Македонија, каде работата е достоинствено наградена и каде идеите за бизнис се подржани
Вредности
Основните принципи на нашето работење и постоење се темелат на вредностите во кои веруваме и ги почитуваме:
Партнерство и соработка – нашите членови, нашите партнери и соработници се основа за нашето постоење и делување.
Иновации и знаења – тежнееме кон перфекција во работењето, ја поттикнуваме креативноста и на иновациите преку промовирање на нови пристапи во испораката на продукти и услуги.
Транспарентност- посветени сме на транспарентно, одговорно и информирано донесување на одлуки во соработка со нашето членство
Достапност и вклученост – ги застапуваме начелата на достапност на сите наши услуги, за сите, без никакви бариери и дискриминација, притоа се залагаме за се поголема вклученост на сите членови и партнери во застапување на интересите на големите , средните и малите претпријатија
Општествено одговорни претпријатија – во насока на чесно , етичко и антикоруптивно работење