+389 2 3224762
contact@bcm.mk
Ул. В.Главинов бр.16 БЦ Палома Бјанка
Home ПЛАН И ПРОГРАМА

ПЛАН И ПРОГРАМА

ПЛАН И ПРОГРАМА

Стратешкиот план на Бизнис Конфедерација на Македонија е појдовна точка во процесот на стратешко планирање што ја поставува мисијата на БКМ, визијата за иднината, организациските вредности и стратешките цели за наредниот период. Стратегијата ја одразува заложбата да се почитуваат високите вредности на БКМ за подобрување на деловната клима во Република Северна Македонија, создавање можности за инвестирање и развој и подобрување на благосостојбата и квалитетот на животот на граѓаните на Република Северна Македонија.

Промовирајќи го концептот на одговорно водење деловни активности, ние ја промовираме одржливоста на економијата и долгорочниот развој на компаниите. Знаењето и ставовите на Бизнис конфедерацијата на Македонија се засноваат на постојана комуникација со нејзините членки – длабинско истражување, анализа и мерење на состојбата во различни сфери на општествено дејствување на локално, национално и регионално ниво.

Имајќи ги предвид утврдените приоритети, клучните области на програмата БКМ за периодот 2020-2024 година се:
– континуирано подобрување на деловната клима,
– поддршка за претприемништво,
– поддршка на микро, мали и средни претпријатија (МСМЕ), кои се основа на економскиот раст и намалување на невработеноста, како и промовирање на човечки капитал во економијата преку обука и едукација.

Стратешки приоритети и цели 2020-2024

1. Застапување и лобирање
2. Партнерство и соработка
3. Информирање и советување
4. Подобрување на услугите
5. Образование и професионален развој
6. Подобрена бизнис клима
7. Институционален развој