Работниот однос претставува договорен однос помеѓу работникот и работодавачот, преку кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај еден работодавач со цел да остави приходи по основ на плата и други примања, истиот лично ја извршува работата според правилата на работодавачот.

Преку воспоставување на работен однос, се регулира правната положба и условите за работа кои произлегуваат за работниците и за работодавачите. Преку засновање на работен однос, работниците ги стекнуваат своите права кои произлегуваат од Законот за работни односи како и од другите посебни закони од областа на трудовото право.

Пристапете до документи, обрасци и листи за проверка кои се однесуваат на работниот однос, меѓу кои оние за воспоставување и следење на работен однос, право на годишен одмор, практикантство, управување, престанок на работен однос и други.