Бизнис Конфедерација на Македонија им помага на компаниите да промовираат здрави работни места за своите работници преку редовно советување и консултирање како и преку изготвување на прирачници, настани и обуки кои поттикнуваат разновидна, инклузивна и здрава работна сила. 

Безбедноста и здравје при работа е мултидисциплинарна област која се однесува на безбедноста, здравјето и благосостојбата на луѓето на работа. Преку БЗР се поттикнува безбедна и здрава работна средина. Дополнително, БЗР ја штити и пошироката јавност која може да биде под влијание на професионалното опкружување.

Според Светската здравствена организација „здравјето при работа се занимава со сите аспекти на здравјето и безбедноста на работното место и има голем фокус на примарната превенција на опасностите“. 

Безбедно работно место преставува работно место каде што на поединец му е овозможено да го применува своето занимање, на начин што предизвикува најмалку штета по неговото здравје.

Безбедното работно место треба да го унапредува здравјето и работниот капацитет на работниците. Работодавачите треба да се трудат да ја подобруваат работната средина со цел истата да стане поволна за здравјето на работниците. Дополнително, работните места треба да промовираат и одржуваат највисок степен на физичка, ментална и социјална благосостојба на работниците во сите занимања. Работодавачите треба да ги заштитуваат работниците од ризици кои произлегуваат од неповолни фактори кои влијаат врз нивното здравје и воедно да ги поставуваат и одржуваат работниците во професионална средина прилагодена на нивните физиолошките и психолошките можности. 

Работодавачите имаат заедничка должност да водат разумна грижа за безбедноста на своите вработени. Покрај законските решенија, исто така може да се наметнат и други општи должности и да се создадат владини тела чии овластувања опфаќаат регулирање на прашањата од областа на безбедноста при работа. 

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации поврзани со корпоративното здравје во Република Северна Македонија, логитрајте се и погледнете ги нашите прирачници, формулари и листи за проверка.