Со оглед на различните критериуми, постојат и најразлични класификации на трговските друштва. Во зависност од формата на трговското друштво, степенот и начинот на одлучување може да биде различен. Па така, во т.н. капитални друштва преку колегијални органи (како што е Управниот одбор) се одлучува за поголемиот дел прашања уредени со Законот за работните односи, но и со останатата регулатива која го уредува законското работење на друштвата во државата. Од друга страна, во т.н. персонални трговски друштва не постои тренд на формирање на колегијални органи за управувување со друштвото, иако таквата можност не е исклучена.

Со оглед на разноликоста во начинот на управување на друштвото, во прилог на линкот, со логирање, може да пристапите до обрасци кои може да ги прилагодите согласно начинот на водење и одлучување во Вашето друштво.