Според Меѓународната организација на трудот, социјалниот дијалог се дефинира како: „сите видови преговори и консултации, како и размената на информации помеѓу претставниците на владата, работодавачите и работниците во врска со прашања од заеднички интерес кои се однесуваат на економската и социјална политика“.

Бизнис Конфедерација на Македонија преку различни методи, постојано придонесува во поттикнувањето и подобрувањето на социјалниот дијалог во РМ.

Само преку ефективен социјален дијалог може да се подобри економската и социјалната состојба во една држава. Сепак, единствен модел за ефективен социјален дијалог кој ќе може да се примени во сите држави не постои. За да може да се воспостави ефективен социјален дијалог треба да се исполнат клучните предуслови кои се особено важни, како што се: политичка подршка- (конкретна и суштинска); заемна доверба; рамнотежа на моќта за преговарање; адекватни ресурси; постигнување компромис; капацитет за решавање проблеми и ефективен мадат.

Со логирање може да пристапите до дополнителни информации од областа на социјалниот дијалог.