Согласно Законот за практикантство (Сл. весник на РМ бр. 98/19), под „практиканство” се подразбира работна активност којашто вклучува компонента на работа преку учење и здобивање на практични работни вештини, која се реализира во ограничен временски период, со цел стекнување на практично и професионално искуство, за да се подобри вработливоста и да се помогне преминот кон редовно вработување. Од друга страна, под практикантството не се подразбира вршење на приправнички стаж, волонтерски стаж и пробна работа согласно со Законот за работните односи, како и обука, преквалификација и доквалификација согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

Компанијата и практикантот склучуваат Договор за практиканска работа со кој ги регулираат своите права и обврски. По успешно завршување на практичната настава, компнијата на практикантот му издава потврда за завршена пракса, во која преку краток опис наведува кои задачи ги изведувал практикантот, кои вештини ги покажал и со кои се стекнал и дава генерална оценка за тоа како практикантот ја извршил практичната работа.

Логирајте се за повеќе информации и пристап до обрасци од оваа област.