Во процесот на основање на друштвото, но и во текот на негово понатамошно напредување и проширување, човечкиот фактор е најзначaен.
Отварањето на нови работни места односно потребата од нови вработувања значи започнување на постапката за регрутирање на нови кадри. При спроведување на оваа постапка работодавачот треба да се придржува кон законските прописи со цел законско и успешно склучување на договорот за вработување.
Ваквата постапка е регулирана во Законот за работните односи (Сл.весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18, 110/19 и 267/20) - глава 3 „Права и обврски на страните при склучување на договорот за вработување“. Во членот 22 е регулиран начинот на обезбедување на потребата на работниците, додека пак во членот 23 е пропишана постапката за објавување на слободни работни места. Понатаму, согласно членот 24 секој работодавач треба да обезбеди полова еднаквост при објавуавање на слободните работни места. Во текот на оваа постапка работотдавачот има одредени права и обврски кои се регулирани во членот 25, додека пак правата и обврските на кандидатот се регулирани во членот 26. Законодавецот определил и права на неизбраните кандидати, па така согласно членот 27 работодавачот мора во рок од пет работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување, писмено да го извести кандидатот кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран и да му ги врати сите документи што му ги доставил како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата.
За пристап до обрасци потребни за законско спроведување на постапката за објавување на слободни работни места, логирај се.