Информирање и консултирање значи постоење на постојана двонасочна комуникација помеѓу работодавачот и неговите вработени. Овој процес овозможува да се зацврстат односите меѓу работодавачите и вработените, а истиот се одвива во согласност со принципите на соработка, доверба, отвореност, транспарентност, лојалност и взаемно почитување. Поттикнувањето и унапредувањето на ваквиот процес ќе донесе безброј придобивки за двете страни.