Преку развивање и спроведување на здрави политики, како и промовирање и развој на партнерскиот пристап кон индустриските односи, се остварува целокупен напредок во економската, но и напредок во социјалната смисла на една држава. Препознавајќи ја важноста и тежината на ова прашање, Бизнис Конфедерација на Македонија постојано учествува и го поттикнува процесот на развивање на индустриските односи во РМ.