Годишниот одмор, како загарантирано право на секој работник согласно Законот за работни односи, подразбира платено отсуство од работа. Во зависност од политиката на работодавачот, како и согласно Законот за работни односи, на работникот му следуваат најмалку 20 денови платен годишен одмор. Во зависност од работните процеси, од работникот може да се побара навремено известување за користење на годишниот одмор и воедно може да се побара од работникот да се координира со работодавачот со цел да се обезбеди соодветно покривање на работните задачи за време на отсуството на работникот. Едно од важните права за работниците, но и за работодавачите е правото на годишен одмор. За работодавачите е од особена важност ова право работникот да го остварува по точно утврдени правила со цел да се овозможи напречено одвивање на работните процеси во компанијата.

Правото на годишен одмор е регулирано во Законот за работни односи, во глава 10, од член 137 до член 145 како и во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Доколку сте заинтересирани за дополнителни обрасци за законско спроведување на постапката за годишен одмор логирајте се.