Образование за одржлив развој
Организацијата на работодавачи на Србија е носител на регионалниот проект „Образование за одржлив развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Фондот за Западен Балкан.
Проектот е насочен кон модернизирање на основното образование, односно започнување дискусија за воведување на концептот на кариерно насочување и советување и доживотно учење во основното образование, кои придонесуваат за одржлив развој како на поединецот така и на целото општество.
Придонесот за развој на единствен пазар во рамките на Западен Балкан, со слободно, полесно и поуспешно движење на работниците, по моделот на Европската Унија, ја претставува главната цел на проектот, додека специфичните цели се:
Зајакнување на добрите односи меѓу организациите на работодавачи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, со фокус на заедничката цел за подобрување на деловното опкружување преку модернизација на основното образование;
Иницирање дискусија со носителите на одлуки за воведување на концептот на кариерно насочување и советување во основното образование;
Подигнување на свеста на засегнатите страни за потребата од инкорпорирање на концептите на приспособливост и доживотно учење во начинот на размислување и ставовите на сите членови
Проектот се спроведува во периодот од 1 мај 2024 година до 31 декември 2024 година, а партнери во реализацијата на проектните активности се:
Организација на работодавачи на Црна Гора (УПЦГ)
Бизнис конфедерација на Северна Македонија (БКНМ)
Организација на работодавачи на Србија (УПС)
Планирано е во проектот да бидат вклучени актери кои имаат улога и значење во остварувањето на целите на проектот, од промена на образовните политики до поддршка на развојот на вештините потребни на пазарот на трудот – претставници на националните и локалните власти, основните училишта (ученици, педагози, психолози, наставници, родители), синдикати, невладини организации кои се занимаваат со образование и млади, работодавачи кои се членови на УПС, УПЦГ и БКМ.