turizam

ТУРИЗМОТ СЕ ЛУЃЕТО: Заедно за jакнење на социјалниот дијалог во секторот туризам и угостителство.

Бизнис Конфедрација на Македонија е еден од партнерите на ЕУ проектот ТУРИЗМОТ СЕ ЛУЃЕТО:Заедно за за jакнење на социјалниот дијалог во секторот туризам и угостителство.

Главната цел на проектот е зајакнивање на капацитетите на социјалните партнери за придонесување кон подобрување на социјалниот дијалог на национално и европско ниво. Исто така, преку проектот ќе се зголеми свесноста на претставниците наработодавачите и работниците за важноста на овој процес во зголемувањето на вработеноста и компетитивноста на националната економија. Важна фокусна точка ќе биде модернизацијата на пазарот на труд, вештините и квалификациите, квалитетот на работата, безбедност и сигурност на работно место, и пристојна работа.

Главни активности кои ќе бидат реализирани во наредните две години се: 6 билатерални состаноци; 6 национални панел дискусии за социјалниот дијалог во секторот туризам на национално ниво и модернизацијата на пазарот на труд; студиска посета на Брисел со цел размена на искуства и знаење; национални работилници со цел да се идентификуваат елементите неопходни за социјалните парнери да бидат дел од европскиот социјален дијалог вклучувајќи и семинар за преговарање; креирање публикација со прирачник за социјален дијалог и колективно преговарање во секторот туризам; финална конференција со прес-конференција за социјалниот дијалог во секторот на национално и европско ниво.

На 04.02 со почетниот состанок во Љубљана, започна реализацијата на проектот “Tourism is people”, финансиран од страна на Европска у soнија. Лидер на проектот е Здружението на работодавачи на Словенија (ZDS) додека здруженијата на работодацачи како и синдикатите од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија се партнери во проектот. На состанокот беа претставени главните цели на проектот и главните активности и одговорности на секој од партнерите. Исто така беше дискутирана моменталната состојба со социјалниот дијалог во секторот туризам во секоја од земјите партнери

Публикација од проектот  Tourism is people

Флаер од проектот Tourism is people

 

Show Buttons
Hide Buttons