Јавен повик за ангажирање стручни лица за изработка на промотивни анимирани видеа

Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“, за потребите на реализирање на буџетските линии под наслов “Надворешна експертиза”  Бизнис Конфедерација на Македонија распишува:

П о в и к

За ангажирање стручни лица за изработка на промотивни анимирани видеа .

Бизнис Конфедерација на Македонија во рамките на проектот: “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“,финансиски поддржан oд проектот “Зајакнување на социјалниот дијалот” спроведуван од Меѓународната Организација на Труд, а поддржан од Европска Унија, објавува повик за ангажирање на експерти  за изработка на видеа кои ќе обезбедат правилна дисеминација на информации во врска со: воведување на новата услуга од страна на БКМ, воведување нова ефикасна и подостапна платформа, воведување на придобивките од користењето на таквата платформа, објаснувања како да се користи специфичната платформа за ресурси и кои теми ги опфаќа платформата и нејзината содржина (наставни програми).

Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во јавниот повик на следниот ЛИНК. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 01.09.2021 година.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Со поднесување на понуда понудувачот прифаќа да добие известување за исходот на постапката по електронски пат.

Show Buttons
Hide Buttons