Повик за ангажирање стручни лица за изготвување на анализа 2/2

Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“, за потребите на реализирање на буџетските линии под наслов “Студии, истражувања”  Бизнис Конфедерација на Македонија распишува:

П о в и к

За ангажирање стручни лица за изготвување на “Анализа, истражување и едукативни програми за моменталните трендови на функционирање на бизнис секторот и новите форми на деловното работење“.

Бизнис Конфедерација на Македонија во рамките на проектот: “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“,финансиски поддржан oд проектот “Зајакнување на социјалниот дијалот” спроведуван од Меѓународната Организација на Труд, а поддржан од Европска Унија, објавува повик за ангажирање на експерти/консултанти за изготвување на  aнализа, истражување и едукативни програми за моменталните трендови на функционирање на бизнис секторот и новите форми на деловното работење кои што ќе бидат достапни на дигитална платформа креирана за БКМ во склоп на проектот.

Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во јавниот повик на следниот ЛИНК. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 25.08.2020 година.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Со поднесување на понуда понудувачот прифаќа да добие известување за исходот на постапката по електронски пат.

Show Buttons
Hide Buttons