Обуки за подобрување на производите и услугите, конкурентноста и интернационализацијата на МСП

Конкурентноста на претпријатијата е најважниот сегмент за долг живот односно одржливост на фирмите, затоа треба да се посветува особено внимание во организирањето на претпријатијата и тоа во насока на развој но и во насока на растење користејки ги сите можни ресурси за напредок на нај оптимален начин.  За развојот на  на едно претријатие  без разлика дали станува збор за мало , средно или големо, потребно е креирање на сопствени вредности преку воведување на иновации но и грижа за потенцијалниот интелектуален, технички и обртно потребен капитал.

Во таа насока Бизнис Конфедерација на Македонија со поддршка од Министерство за Економија на Република Северна Македонија, ги организира 6те обуки во однос на зголемување на капацитетите на малите и средни претпријатија.

Активностите вклучуваат подготовка и промоција на активностите за време на промотивна  конференција за медиуми и претпријатиата  која ќе се вклучи со панел за зајакнување конкурентноста, продуктивноста и интернационализацијата на претпријатијата.

Исто така, активностите кои се предложени во рамки на проектот вклучуваат обуки за:

  1. Поддршка за подготвување на логичен и реален план за промена на продуктите и услугите на претпријатите: концепт, можност, подготвеност, прифаќање и конкретно делување.
  2. Видливост и мерки за промена на продуктите и услугите на претпријатијата: маркетирање, обележување, пакување, видливост, истакнување на информациите за содржината на производите и услугите и нивното директно влијание врз консументите/потошувачите и ефектот од  пакувањето кон животната средина.
  3. Иновативност во подготвување на процеси за настап на нови пазари: истражување на новите пазари, што треба да се знае за новите пазари, анализа и канали на анализа, користење на индивидуални техники и користење на мрежи на знаење( кнсултанти и локални познавачи на пазарот), адаптибилност кон целниот пазар, прилагодување кон локалните потрошувачки навики, ризик и доминација на марката( производот или услугата), како и користење на информациски, маркетиншки и комуникациски техники и технологии.

Овие обуки со поддршка од министерството за економија ќе се одржат во 6 града и тоа:  Скопје, Прилеп, Охрид, Велес, Струмица и Гостивар.

Брошура. 

  1. Презентација 1
  2. Презентација 2
  3. Презентација 3

 

 

Show Buttons
Hide Buttons