shutterstock_114759688 resized

Општествена одговорност на претпријатијата претставува збир на сите економски, правни, етички

функции во претпријатијата , но ние во БКМ истакнуваме дека тие практики се уникатни , дискретни и единствени за секое претпријатие посебно.

Пред се претријатијата се формирани  за остварување на основната економска дејност, но мора да се има во предвид дека сите функции на претријатието мора да бидат спроведени според легислативата.  Оттука општеството развива и дискрециони очекувања кон претпијатијата во одреден временски период.

Низ економскиот развој на претпријатијата паралелно се развива и социјалниот развој-поточно социјалната одговорност така презентираната четири-компонентната дефиниција прилично експлицитно ја покажува повеќестраната природата на корпоративната општествена одговорност. Економската одговорност се однесува на очекувањата на општеството дека организациите ќе произведува добра и услуги кои се потребни и посакувани од страна на клиентите и ќе ги продаваат тие стоки и услуги по разумна цена.

  1. Правната одговорност се однесува на очекувањата , организациите да работат во согласност со законите кои ги третираат и прашањата на добро владеење и почитување на конкуренција на пазарот, вклучително и законите за заштита на производи, за заштита на потрошувачите , како и законите за животната околина и вработувањето.
  2. Етичката одговорност се однесува на општествените очекувања компаниите да сторат повеќе отколку што самиот закон го бара, односно да сторат особени напори во насока на предвидување и задоволување на општествените норми , во смисла на реализирање на сите деловни функции и активности на фер и праведен начин.
  3. Дискреционата одговорност на корпорациите се однесува на очекувањата на општествот дека организациите бидат добри граѓани. Ова може да вклучува работи како што се филантропска поддршка на програми кои се во корист на заедницата,општеството или на нацијата. Таа, исто така може да вклучува пружање на стручна експертиза за остварување повисоки заеднички или општествени цели .

Претпријатијата се справуваат со широк спектар на општествени прашања и проблеми , при што, некои се директно поврзани со нивното работење, а некои не. Во таа смисла многу тешко е да се набројат и опишат сите општествени прашања кои се предмет на интересирање на компаниите. Имајќиго во предвид поширокото дефинирање на концептот на ООП , може да се издвојат следите сфери на делување на бизнисот , по однос на нивната општествена одговорност и тоа:

Владеење:постоење на јасни принципи на управување и раководоење, етичко однесување кон вработените, транспарентност и отчетност во работењето на компаниите , избегнување на активности што би предизвикале конфликт на интереси , почитување на интерните кодекси, правила и законот.

Управување со ризиците: запазување на принципите на здравје и сигурност, безбедност на производи, заштита на потрошувачите, примена на одговорни деловни практики, вклучувањње на засегнатите страни , градење одржување на репутација.

Синџир на вредности – одговорни јавни набавки, управување со мрежата на добавувачи и нализа на добавувачи, следње на повратните информации од добавувачите, фер-трговија. Социјални: човековите права, ангажирањето во заедницата, филантропски активности, добротворни донации волонтерство, социјални бенефиции, градење на локалните капацитети, вложување во градње на добри односи и соживот.

Вработени: , морал и задоволство при работа , остварување на рамнотежа помеѓу социалниот живот и работата, негување на внатрешниот култура (транспарентност), безбедност на работното место, примањата, разновидност при работата, еднакви можности за вработените , можности за обука и напредување во кариерата.

Животната средина: избегнување на креирање на отпад и загадување, еко- ефикасност, произведување на производи за рециклирање, обезбедување на одржливост, контрола на емисиите на гасови, активности за спречување на континуирано намалување на одредени ресурси

Мерење: транспарентно известување, примена на внатрешни и надворешни ревизии, верификација на извештаи. Сепак, една поедноставна поделба многу соодветно ја доловува содржината на проблемиите и прашањата кои се од посебен интерес на корпорациите и пошироката општествена заедница во исто време Во таа смисла ги разликуваме следните сфери на делување во рамките на концептот на ООП:

  1.  ОДНОСИ СО ВРАБОТЕНИ –постоење на политики и практики поврзани со човечките ресурси во претпријатието,
  2. ЕТИЧКО УПРАВУВАЊЕ- донесување на одлуки кои се базирани на одговорност, транспарентност, етичко однесување, почитување на интересите на сите , како и вклучување на хендикепираните и други ранливи групи во процесот на креирање на нови вредности
  3. ОДНОСИ НА ПАЗАРОТ – етичкото однесување на претпријатието во односот со други организации и примена на принципите на фер конкуренција,
  4. ЖИВОТНА СРЕДИНА-Еколошката одговорност како предуслов за опстанок и просперитет на човекот
  5. ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦА-Придонес на претпријатието во развојот на заедницата кој понатаму води кон подобрување на квалитетот на живот на населението .

Сепак ќе потврдиме повторно дека општествено одговорните практики пред се се инвестирање во функции на компанијата , и тие инвестициони процеси со сигурност и носат добивка, вредност, репутација , стабилност, раст  и долгорочна одржливост на компанијата.

Ние во БКМ Ве покануваме да разговараме за општествено одговорните практики во Вашата компанија , но и во секторот и дејноста во која „оприрате“ , како и за Вашето влијание  во однос на економијата пред воведување на општествено одговорни практики или пак ефектот од досегашните вложувања во ооп.

 

Ве молиме контактирајте не во секторот за ООП  при БКМ.

Show Buttons
Hide Buttons