АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА (САМО)ВРАБОТУВАЊЕ ЗА САМОХРАНИ МАЈКИ

Бизнис конфедерација на Македонија во соработка со Институт за менаџмент поддршка и Асоцијација на Бизнис жени на Македонија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, во текот на 2017 година спроведува проект за поддршка при вработување и само-вработување на самохрани мајки.

Проектот првенствено ќе ги опфати жените кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола, меѓутоа можност да се вклучат ќе добијат и заинтересирани лица кои живеат во регионите кои гравитираат кон овие подрачја.

Целна група:

  • Самохрани невработени мајки кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола;
  • Невработени жени, жртви на семејно насилство;

Цел на програмата:

Да се развие модел за поддршка на самохрани мајки и жени жртви на семејно насилство во процесот на нивно вработување и само-вработување;

Eлементи на проектот:

  1. Едукативна програма за вработување и само-вработување

Едукативната програма се состои од 5 последователни обуки (модули) со цел учесничките да развијат основни професионални и претприемнички вештини.

Модул 1. Асертивност во професионална комуникација

Модул 2. Лидерство и тимска работа

Модул 3. Менаџмент на задача, себе и време

Модул 4. Претприемништво и пазар

Модул 5.  (се бира под А или Б)

А. Вештини за вработување (изработка на CV, мотивациско писмо, анализа на можности за вработување, подготовка за интервју), или

Б. Започнување бизнис (анализа на пазар, идентификација на можности за бизнис и развивање на бизнис план)

 

  1. Вокационен тренинг

Врз основа на истражување за потребите за работници на локалната бизнис заедница во секоја од локациите каде ќе се одвива проeктот ќе бидат идентификувани моменталните побарувања за вештини кај вработените, врз основа на што учесничките на проектот ќе добијат конкретни вештини за работа, а понатаму и можност директно да конкурираат за работно место кај работодавачите во нивната локална заедница.

 

  1. Менторство

На учесничките кои ќе бидат заинтересирани за започнување на сопствен бизнис ќе им биде назначена менторка – успешна жена претприемач, која на индивидуални средби во период од неколку месеци ќе ги советува и насочи во процесот на идентификација на бизнис можности, отварање на сопствен бизнис, овозможување на контакти со потенцијални бизнис партнери, претставување пред клиенти и останати совети во процесот на започнување на самостоен бизнис.

 

  1. Психосоцијална поддршка

Сите учеснички ќе добијат можност да се вклучат во групен процес на поддршка каде искусни социјални работници и психолози ќе работат со нив со цел зголемување на самодовербата, мотивираноста и истрајноста при барање работа и започнување сопствена компанија.

 

Доколку сакате да учествувате и да бидете дел од програмата за поддршката на самохрани мајки и жени жртви на семејно насилство во процесот на нивно вработување и само-вработување можете на следниов линк да ја симнете апликацијата и пополнетата апликација да се достави на: info@management.org.mk.

За повеќе информации обратете се на 02/322 4762

 

Апликација за учество во програмата за самохрани мајки

 

 

Show Buttons
Hide Buttons