Прирачник за работодавачи за работа од дома како одговор на пандемијата КОВИД-19

Овој Прирачник е изработен од Бизнис Конфедерација на Македонија во соработка со Бирото за активности на работодавачите на Меѓународната организација на трудот (МОТ-АКТ/ЕМП) за да им обезбеди практични насоки на претпријатијата членки што спровеле протоколи за „работа од дома“ за своите вработени во 2020 година како алтернативно привремено решение за време на кризата предизвикана од КОВИД-19.

Претпријатијата спроведуваат протоколи за работа од дома како превентивна мерка или како одговор на наредба од владата за ограничување на контактот. Овој прирачник нуди препораки за претпријатијата, вклучително и задачи и одговорности на работодавачите и работниците, размислувања и предизвици, методи за решавање и справување со тие предизвици. Исто така, прирачникот содржи образец што треба да им овозможи на претпријатијата да изработат план за работа од дома.

Прочитајте го целиот Прирачник на следниот ЛИНК

 

Show Buttons
Hide Buttons