ПРИРАЧНИК за постапување на компаниите поради појава на пандемија – КОВИД – 19

 

Во јануари 2020 Светската Здравствена Организација (понатаму СЗО) ја прогласи појавата на новиот коронавирус во Хубеи, Кина за голема опасност за јавното здравје во меѓународни рамки. СЗО најави дека постои голем ризик за КОВИД – 19 да се распространи низ целиот свет, поради што во соработка со надлежните органи за јавното здравје низ целиот свет преземаат мерки за да се спречи ширењето на КОВИД – 19. Целото општество, вклучително и деловните субјекти и работодавачите – мора да преземеме дополнителни мерки доколку сакаме да престане ширењето на овој вирус. Распространувањето на КОВИД – 19 е глобален и реален проблем и поради тоа работодавачите и компаниите мора одговорно да се однесуваат. Најважно од се е да се применуваат мерките за заштита, со цел намалување на шансите за се поголемо негово проширување во државата. Поради тоа, Ви ги споделуваме нашите препораки за тоа како да ги заштитите сите во Вашата компанија од КОВИД – 19.

Овој прирачник ќе им помогне на работодавачите и деловните субјекти за уредување на начинот на:
– Спречување на ширење на КОВИД -19 во работното место
– Постапување во случај на појава на сомнителен или потврден случај на КОВИД-19, на работното место
– Справување со ризиците од КОВИД – 19 при организирање на состаноци
– Дополнителни информации и ресурси

Целосниот прирачник можете да го најдете ТУКА.

Show Buttons
Hide Buttons