Прирачник за деловни претпријатија за враќање на работа за време и по КОВИД – 19

Враќањето на работниците на работното место за време на пандемијата КОВИД-19 и по нејзино завршување, нема да биде едноставно. Тоа значи дека утврдувањето на датум за повторно отворање или враќање на работното место нема да биде доволно. Многу работни места беа променети со цел прилагодување на новите околности и некои од овие промени веројатно ќе бидат долготрајни, дури и во време на пронаоѓање и примена на долго очекуваната широко достапна вакцина или третман.

Плановите за враќање на работно место ќе се разликуваат по деталите и кај секој работодавач ќе изгледаат поинаку, поради што Бизнис Конфедерација на Македонија изработи Прирачник за деловни претпријатија за враќање на работа за време и по КОВИД -19 со кој ќе се осврнеме на неколку клучни прашања кои што секој работодавач ќе треба да ги разгледа и земе предвид во процесот на подготвување и воспоставување на вообичаениот начин на деловното работење.

Преземете го БЕСПЛАТНО нашиот Прирачник за деловни претпријатија за враќање на работа за време и по КОВИД -19 на следниот ЛИНК

Show Buttons
Hide Buttons